
Вкупно седум мерки изрече вчера полицијата во Велес во рамките на засилените акциски контроли на возачи кои вршат непрописно престигнување.
„На 12.04.2021 во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, регистрирани се 10 прекршоци, од кои седум во Велес и три во Кавадарци, кои ке бидат соодветно санкционирани“,соопштија од СВР Велес.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.
Можеби ќе ве интересира: