
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативен голман, Гоце Груевски, почина на 46-годишна возраст во Австралија. Веста на социјалните мрежи ја сподели неговиот клуб, Престон Лајонс.
Груевски ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот фудбал.
Во националниот тим бранел на осум средби за Македонија во периодот 2000/2001 година, на три средби во квалификациите за СП 2002 и пет на пријателски натпревари.
Тој во својата фудбалска кариера беше член на прилепска Победа, Работничнки ,Слога Југомагнат, Беласица и Вардар, а кариерата ја заврши во австралиски Престон каде потоа остана да работи како тренер на голманите, се до неочекуваната смрт.
Можеби ќе ве интересира: