Реклама

Хуман гест, Синдикатот на фудбалери на Македонија со помош за Мутибариќ, осум месеци по 200 евра

Синдикатот на фудбалери на Македонија ќе помогнат во рамките на нивните можности на Вардаровата фудбалска легенда, Драган Мутибариќ.

По иницијатива на претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија, Управниот одбор на Синдикатот на фудбалери на Македонија, одлучи да одвои финансиски средства за помош на нашата легенда Муто, секако со негово одобрување. Од Утре па се до крајот на 2021 година, во следните осум месеци, СФМ ќе му исплаќа на Мутибариќ по 12 000 денари секој месец. Ова е скромна сума, но сакаме да помогнеме во овој момент колку што можеме. Нашите легендарни фудбалери не смеат да бидат заборавени.“ – велат од Сојузот на фудбалери на Македонија.

Kegi Mobi

Од СФМ најавија дека акциите за помош на сите на кои им е потреба продолжуваат, фудбалерите мора да бидат препознаени и признаени и потсетија дека сите кои имаат потреба од правна или каква било помош, може да се обратат во СФМ.

Можеби ќе ве интересира: