Реклама

Мал број на новозаразени велешани во последните 24 часа

veles

Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес е регистриран само еден нов случај на ковид-19, а оздравени се 22 пациенти. Едно лице на 78 годишна возраст е починат . Бројот на активни случаи во Велес е 474.

Во последните 24 часа се направени 572 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 32, Прилеп и Штип – по 7, Куманово – 5, Струмица – 4, Кавадарци – 3, Велес, Кочани, Кичево и Виница – по 1.

Kegi Mobi

Регистрирани се 398 оздравени пациенти , пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје ( 69г, 71г, 71г, 71г, 72г, 73г, 76г, 83г, 86г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (36г и 74г), Кавадарци (71г и 84г) и Струмица (56г и 69г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Прилеп (79г), Битола (72г), Велес (78г), Штип (71г), Охрид (81г), Кочани (85г), Пробиштип (63г) и Демир Хисар (70г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 24 се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.

Mожеби ќе ве интересира: