Деветмина велешани на суд поради непочитување на полициски час

policiski cas
policiski cas

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетите постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, односно го нарушиле полицискиот час.

Agria

За сите обвинети надлежен јавен обвинител предложи да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: