
Велешки Брако и Green Machines се компаниите кои учествуваа во опремувањето на пунктот за вакцинација, сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес.
Брако и Green Machines, заедно со уште дваесетина компании од Велес, се одзваа на повикот на општината и Министерството за здравство и за неколку денови помогнаа вакциналниот пункт да биде подготвен за имунизација.
Текстот продолжува под рекламите
– реклама –
– реклама –
Таму денеска успешно се спроведе пробното вакцинирање, а пунктот ќе почне масовно да прима граѓани за имунизација од вторник, 25 мај. Имунизацијата ќе се спроведува во 16 паравани, од кои еден е предвиден за итна медицинска помош. За вакцинацијата ќе бидат задолжени осум доктори и 30 медицински сестри од Здравствен дом Велес.
На пунктот во СОУ „Коле Неделковски“ ќе се вакцинираат жителите на Велес, Чашка, Градско, Лозово и Свети Николе.
ПР објава
Можеби ќе ве интересира: