
Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа е регистриран еден нов случај на коронавирусот, има и еден оздравен пациент . Бројот на активни случаи во градот е четири.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.531 тестирање, а регистрирани се 5 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 2, Велес, Кавадарци и Берово – по 1.
Регистрирани се 86 оздравени пациенти, пријавено е едно починато лице од Виница (76г) во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.689, бројката на оздравени пациенти е 150.063, на починати е 5.485, а бројот на активни случаи изнесува 141.
Можеби ќе ве интересира: