Реклама

Голема промена: „Спорт клуб“ ги загуби ексклузивните права и за Премиер лигата

„Арена Спорт“ доби уште една голема битка со „Спорт клуб“, откако ова попладне соопшти важна вест за нов голем новитет кој ќе го гледаме на оваа телевизија започнувајќи од средина на 2022-ра година.

Телеком Србија како лидер во телекомуникацијата во овој регион цврсто стои зад „Арена Спорт“, телевизија на која од наредната сезона ќе се емитува и Премиер лигата.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Тоа значи дека претстојната сезона ќе биде последна во која „Спорт клуб“ ќе има ексклузивни права за пренесување на англиската фудаблска елита, која од 2022-ра година ќе ја гледаме на „Арена Спорт“.

Текстот продолжува под рекламата

Ова секако е важна вест за македонските фудбалски фанови кои редовно ги следат пренсоите на двете големи телевизиски куќи во Србија, од кои полека се повеќе до израз доаѓа „Арена Спорт“, групација која за новата сезона ја „украде“ и шпанската Примера од „Спорт Клуб“. Од претходно, италијанската Серија А и француската Лига 1 се пренесуваат на „Арена“, а голем удар за „Спорт клуб“ беше и преземањето на НБА лигата.

„Ова е голема победа за нас. Премиер лигата е врвот на клупскиот фудбал и привилегија е да ја имаме во нашата понуда. Огромно е задоволството што на нашата голема листа на партнери и пријатели ја придодаваме и Премиер лигата“ изјави директорот на „Арена“ групацијата, Небојша Жугиќ.

Започнувајќи од сезоната 2022-23, Премиер лигата ќе има незапаметена покриеност на овие простори, бидејќи ќе се пренесуваа во живо сите 380 натпревари.

Можеби ќе ве итересира: