Реклама

Билјана Тевчева Кошинова нова директорка во велешкото Шумско стопанство

Билјана Тевчева Кошинова е нова директорка на Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес. Тевчева Кошинова е назначена за прв човек на оваа државна институција, откако беше разрешена досегашната, директорка Љубинка Попова.

Новата директорка по професија е шумарски инженер и ќе ја замени Попова, која на чело на велешката подружница на Македонски шуми беше четири години.

Текстот продолжува под рекламите

Agria

Батали.нет дознава дека промената на директорската позиција се прави како дел од политиката на новото локално раководство на СДСМ во Велес, кое имало за цел да ги освежи функционерските кадри во градот.

Текстот продолжува под рекламата

Пред десетина дена нов директор има и во Локалната бибкиотека „Гоце.Делчев“, откако таму е назначена Стефани Андреевска, на местото на досегашната в.д. директорка Гордана Васковска.

Можеби ќе ве интересира: