сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот, можно е воведување на трета доза вакцина

Venko-Filipce

Очигледно е дека нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче кој денеска заедно со премиерот Зоран Заев беше во посета на реконструираната општа болница во Гевгелија.

Филипче одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека има зголемување на бројките на новодијагностицирани пациенти, но засега според него нема притисок ниту во болниците, ниту во амбулантите.

Agria

„Околу 15 пациенти се лекуваат на Инфективната клиника. Будно ја пратиме состојбата. И покрај тоа што е сега прилично мирно, можно е овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, а ние интензивно ги пратиме и анализираме препораките во однос на вакцинацијата“, вели министерот Филипче.

Филипче рече дека стручните лица ги пратат препораките на СЗО и останатите земји, во однос на вакцинацијата.

„Едното од можните сценарија е воведување на трета доза, а можно е вакцината да стане и сезонска. Вирусот нема да исчезне одеднаш и делта сојот нема да биде последен“, додаде Филипче.

Според него, би имало мерки за тие што не се вакцинирале.

„Не можеме сите да ги ставаме во опасност. Ставаме акцент на вакцинацијата. Сметам дека нема да спласне интересот“, потенцира Филипче.

Можеби ќе ве интересира: