понеделник, 20 септември, 2021
Реклама

Реми со Беласица во пријателски натпревар за Борец

Renova Borec

И на последниот подготвителен натпревар пред новата сезона на Првата лига, фудбалерите на Борец не победија. Во пријателски натпревар во Струмица тие одиграа 1:1 со второлигашот Беласица.

Во подготвителниот период Борец загуби од Брегалница, Ренова и од второлигашот Воска, додека ремизираше со Младост од Нови Сад, и Беласица.

Agria

Првиот противник на Борец, екипата на Работнички, на последниот пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона во Првата лига, ја совлада Каменица Саса со 3:1. Стрелци на головите за „романтичарите“ беа Марио Станковски, Димитар Тодоровски и Лука Станковски.

Првенството започнува на 8 август со натпреварот Работнички -Борец на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, со почеток од 17 и 30 часот.

Mожеби ќе ве интересира: