понеделник, 20 септември, 2021
Реклама

37 нови случаи на ковид-19, во Велес не се регистрирани новозаразени

Veles

Во ковид статистиката на Министерство за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран нов случај на коронавирусот. Не се регистрирани оздравени пациенти. Бројот на активни случаи на ковид-19 во градот е три.

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.

Agria

Регистрирани сe 23 оздравени пациенти, не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.543 бројката на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 627.

Можеби ќе ве интересира: