сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

„Стела“ со највисока оценка на „Брач филм фестивал“ во Хрватска

Првиот македонски игран фил за деца „Стела“ освои наголем број гласови на присутните гледачи и е оценет со наjвисока оценка – 4.88, на последното издание на Брач филм фестивал во Хрватска, кој се одржа од 11 до 14 август. Филмот се натпреваруваше во категоријата „Детски филм“.

По ланската светска премиера, филмот „Стела“ освои неколку награди на филмски фестивали низ светот. Ова остварување, во режија на Стојан Вујичиќ, чиј продуцент е Огнен Антов од продуцентската куќа „Дрим фектори“, освен што е првиот македонски игран филм за деца, е и првата еко-продукција во земјава.

Agria

Филмот целосно е снимен на струја, без да се користи ниту еден агрегатор, кој работи на нафта или бензин. Притоа, екипата која го снимаше филмот со себе имаше стаклени пепелници, во кои се фрлаа отпушоците од цигари, се со цел да не се загади околината во која се снимаше.

Во филмот главните улоги ги толкуваат младата шарпланинка Стела, 13-годишниот Петар Маниќ кому ова му е прва улога, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, монтажата ја потпишува велешанецот Данчо Стефков, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, а снимател на звукот е Срѓан Бајски. Дресер на шарпланинката Стела е уште еден велешанец, Ристе Гиовски.

Можеби ќе ве интересира: