Почина 35-годишен велешанец од коронавирус

Bolnica Veles
Bolnica Veles

Велешанец на возраст од 35-години почина вчера попладне на инфективното одделение на велешката болница. Оттаму велат дека пациентот имал позитивен тест на ковид, седум дена се лекувал во болница, а не бил вакциниран. Тој е најмладата жртва на коронавирусот во Велес, каде што од почетокот на пандемијата до сега починаа 185 граѓани.

Zito akcija 640x289px

Во меѓувреме, се полнат болничките кревети во велешката болница. Денеска од ковид таму се лекуваат 44 пациенти, од кои 39 се на инфективното одделение, а петмина се на интерното одделение. Од нив, 34 се со позитивен тест, девет се сомнителни, а еден пациент има негативен тест, но е задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се 25 пациенти. Денеска се испишани и шестмина оздравени пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од почетокот на пандемијата до денеска во Велес се заразија 5731 граѓанин, од кои 5335 се излекуваа, а се уште активни се 212 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: