сабота, 23 октомври, 2021
Реклама

Ракометарката Јулија Николиќ починала на пат кон велешка болница

Веста дека на 38-годишна возраст синоќа почина поранешната ракометна репрезентативка на Македонија Јулија Николиќ ја потресе македонската јавност. Николиќ почина ненадејно синоќа околу 23 часот, откако и се слошило во автомобилот во кој се возела, најверојатно како сопатничка, по автопатот Градско – Велес. Во 21:40 итната медицинска помош при Здравствениот дом во Велес добил повик, дека на автопатот, во близина на бензинската пумпа Дади Компани, на десетина километри пред Велес, на жена со отежнато дишење и е потребна помош.

Содржината продолжува под рекламата

„Кога нашата екипа стигна, веднаш почна со реанимација на жената. На местото случајно се згоди и медицинска екипа од друга болница, во која имаше кардиолог, кој учествуваше во реанимацијата, која траеше околу еден час. Жената е транспортирана кон велешката болница, но по пат губи знаци на живот“, рече др. Васе Пановска Поп Стефанова, раководител на Итната медицинска помош Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Јулија Николиќ, која пред да се омажи го носеше презимето Портјанко, е родена во Укранина. Во својата кариера го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров и Вардар.

Содржината продолжува под рекламата

Партенко дојде во Македонија во 2003 година во тимот на Кометал Ѓорче Петров и брзо после тоа успеа да се најде и во репрезентацијата на Македонија. Шест години го носеше дресот на ѓорчепетровки, а потоа замина во Ускудар. Играше и во Франција и една сезона во Звезда Звенигород пред во 2013 година да дојде во Вардар.

Кариерата ја заврши во Вардар две години подоцна, а со Македонија беше дел и од големите натпреварувања. Важеше за голем борец на теренот.

Можеби ќе ве интересира: