Реклама

На забар само на закажано и ако е итно!

zabolekar

Ако сакате да одите на заболекар, морате да закажете преку вашиот матичен стоматолог. Сепак, тој не е должен да ви закаже термин, доколку не оцени дека навистина имате потреба од интервенција. Ова е новиот начин на работа на стоматолозите во услови на криза поради коронавирусот.

Од денес (вторник, 31 март 2020) во Велес работи само една забна ординација, сместена во Центарот за јавно здравје, попознато како Хигиенски. Оваа итна стоматолошка служба ќе работи секој ден од 8 до 20 часот, а за време на викенди до 15 часот.

Agria

„Пациентот е должен прво телефонски да го контактира својот матичен стоматолог, којшто треба да му земе детална анамнеза и да му даде совет за надминување на стоматолошкиот проблем (терапија за намалување на болката или антибиотска терапија). Доколку матичниот стоматолог оцени дека е потребна итна интервенција за обезболување на матичниот пациент, но не и за пломбирање и екстракција на заб, должен е да ја контактира итната стоматолошка служба и да закаже термин за стоматолошка интервенција на неговиот матичен пациент, велат од Здравствен дом Велес, во чија надлежност е итната стоматолошка служба.