вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Уште еден починат, нови заразени, но и излечени пациенти е состојбата денеска

Venko Filipce 01.04.2020

Жена од струшкото село Лабуништа на возраст до 65 години е 11-тата жртва на коронавирусот во Македонија. Таа починала синоќа на инфективната клиника во Скопје. Починатата жена и претходно била болна од хронично опструктивна болест, дијабетес и срцева слабост, како и гојазност.

Во последното деноноќие се регистрирани нови 25 заразени, но меѓу нив нема ниту еден до Велес.

Agria

Со тоа, бројката на заразени сега изнесува 354 луѓе.

Сепак, во целата негативна статистика има и една позитивна бројка. Пет луѓе се излечени од коронавирусот и се отпуштени од болница. Сега, вкупниот број на излечени изнесува 17.

Во продолжение, погледнете ја целата прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче, одржана денеска: