понеделник, 17 јануари, 2022
Реклама

Полицијата санционираше 78 возачи за брзо возење на автопат Велес – Скопје – Куманово

Policija zapira vozilo

Во текот на вчерашниот ден на автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола санкционирани се 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 78 возачи. Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“ соопштија од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира: