Фудбалерите на Борец заминаа на подготовки во Анталија

FK Borec na pripremi

Велешкиот прволигаш екипата на Борец утрово замина на подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе ја реализира следната фаза наменета за воигрување на тимот и одигрување пријателски натпревари.

Содржината продолжува под рекламата

Според информациите кои ги пласираа на својата фејсбук страна тие во Анталија ќе одиграат четири пријателски натпревари. На 17 јануари против унгарски МТК, а два дена подоцна, на 19 јануари тимот ќе се судри со Кашпи од Казахстан. Третиот приајтелски натпревар е закажан на 21 јануари, противник ќе биде Кабала од Азербејџан.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во пролетниот дел од сезоната Борец ќе има тешка задача да избори опстанок во ПМФЛ, затоа што по 18. кола е на 11. место, со 12 освоени бода. Во првото коло по паузата велешани ќе се сретнат со Скопје, натпревар кој е закажан за на 13 февруари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: