Реклама

Борец поразен од унгарски МТК на првиот подготвителен натпревар во Анталија

Фудбалерите на Борец се поразени на првиот подготвителен натпревар во турскиот туристички центар Анталија. Унгарската екипа МТК беше подобра со резултат 5:1. Во почетниот состав на унгарскиот тим се најдоа и двајца македонски репрезентативци Бојан Миовски и Стефан Спировски.

Содржината продолжува под рекламата

Унгарците поведоа со голот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во 15 минута, a стрелци на головите беа уште Георге Грозав, Андреј Кадлец, Марко Футач од пенал и Себастијан Херера. За велешани стрелец на единствениот погодокот беше Кристијан Николовски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Велешани главната фаза на подготовки ќе ја минат во овој турски туристички центар и главна база на повеќето од фудбалските клубови од Европа. Покрај МТК, Борец ќе игра и против Кашпи од Казахстан и Кабала од Азербејџан.

Можеби ќе ве интересира: