(ФОТО+ВИДЕО) Крадци откопувале гробови на Свети Спас, барале вредни предмети

Кога велешанецот Симон Виларов пред неколку дена дошол на вечното почивалчиште на неговата сопруга, се згрозил од тоа што го видел. Гробот бил откопуван, а оградата искршена. Иако неговата сопруга на гробиштата на црквата Свети Спас во Велес е закопана пред 14 години, Виларов забележал дека земјата е ровита, а гробот до половина откопуван, па затрупан.

Zito akcija 640x289px

„Само што дојдов до гробот, видов дека нешто не е во ред. Забележливо беше дека оградата е скршена, а потоа, додека палев свеќа, забележав дека гробот е копан, земјата е ровка, не можев да сфатам за што се работи. Земав едно стапче и буцнав во гробот, тоа пропадна цело во земја, што значи гробот бил ископуван“, рече Симон Виларов, сопственик на гробно место.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Но, непријатното изненадување продолжило кога Виларов прошетал до околните гробови. Забележал уште најмалку три гробни места, кои биле откопувани, а спомениците искршени. На некои од нив се забележуваат остатоци од мртовечки ковчег, што укажува на тоа дека некој се обидел да дојде до трупот.

За сквернавењто и откопувањето на гробовите, Виларов веднаш ги известил службите од ЈКП Дервен кои стопанисуваат со гробиштата, но и велешката полиција. Тој не го знае мотивот за овој вандализам, но се сомнева дека крадци барале вредни предмети во гробовите. Иако граѓаните кои поседуваат гробни места месечно на Дервен му плаќаат по 60 денари за одржување, велат дека овие гробишта се небезбедни.

“Нема никаква сигурност, никаква заштита на гробиштата. Човекот од ‘Дервен’ се жалеше дека ги напаѓале, некого од нивната служба го натепале, нема никакво осветлување“, рече Виларов.

Grobista Sv.Spas 2

Од комуналното претпријатие Дервен го потврдуваат случајот, но велат дека гробиштата се под постојан надзор.

„Случајот беше забележан од страна на вработените на гробиштата и пријавен во МВР. Како резултат на тоа, полицијата но и вработените од ЈКП Дервен постојано вршат надзор на гробиштата, така што безбедноста е на високо ниво“, соопштија од ЈКП Дервен.

Grobista Sv.Spas 1

Ова не е прв инцидент на гробиштата кај црквата Свети Спас. Граѓани постојано се жалат дека гробовите и спомениците се ограбуваат, а често мета на напади и грабежи се и луѓето кои доаѓаат тука. Оградата која треба да ги обезбедува гробиштата на ова место е искината, а забележлива е и дива патека од блиската населба, во која живеат претежно луѓе со социјално загрозен статус. Полицијата направила увид, а оттаму велат дека работат на расчистување на случајот. На истите гробишта пред две години, во обид да спречи грабеж, со неколку куршуми беше застрелан полицаец, кој го преживеа нападот. Сторителите се осудени на затвоски казни, но грабежите и вандализмот продолжија.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27085/lokalnata-biblioteka-gocze-delchev-dodeli-pofalniczi-za-najchitatelite/