Ново сквернавење на гробно место на градските гробишта во црквата „Свети Спас“ било пријавено во велешката полиција.
„На 15.02.2022 во СВР Велес, С.Д.(61) од Велес пријавила дека било извршено сквернавење на гробното место на нејзиниот сопруг на градските гробишта во црквата „Свети Спас“ во Велес“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Ова не е прв инцидент на гробиштата кај црквата Свети Спас. Граѓани постојано се жалат дека гробовите и спомениците се ограбуваат, а често мета на напади и грабежи се и луѓето кои доаѓаат тука.
Можеби ќе ве интересира: