Трагедија: 62 годишен маж си го уби својот поранешен зет

62 годишен битолчанец утрово со пиштол го уби својот поранешен зет, откако тој насила влегол  во неговиот дом во Битола и со нож и се заканувал на бившата сопруга.

Полицијата соопшти дека  44 годишниот маж почина  на местото на настанот, во претсобјето од куќата на осомничениот, веднаш откако беше застрелан.

Agria

Настанот се случи околу 6 часот утрово, а  по оваа семејна расправија беше  повикана итна помош која констатираше смрт кај 44 годишниот битолчанец.

Полициска екипа  и јавен обвинител извршија увид во семејната куќа на таткото на поранешната сопруга на убиениот,  каде што се случи убиството, а осомничениот е лишен од слобода.

По наредба на јавен обвинтел телото на починатиот е предадено на обдукција.

Извор на веста: ТВ Телма

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: