Полициски службеници од СВР-Велес во текот на вчерашниот ден привеле едно лице од Велес, кај кого пронашле марихуана.
„На 24.04.2022 во 22.05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Р.(19) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Исто така, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и дигитална вага“, соопшти МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: