Ракометарите на Бисинов од Велес се нови шампиони во пионерската машката лига за оваа сезона откако во финалето од Ф4 турнирот кој се одржуваше во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“ во Велес го совладаа актуелниот бранител на титулата, Струга, со резултат 21:18.
Екипата на Рисови од Скопје го освои 3 место на Ф4 турнирот откако го декласираше составот на Тиквеш со девет гола разлика, 14:23 (7:12).
Содржината продолжува под рекламата
За МВП на овогодинешниот Ф4 турнир прогласен беше ракометарот од редовите на Струга, Филип Мечкароски, Јован Ѓошевски од шампионската екипа беше прогласен за најдобар голман на Ф4 турнирот, додека Милан Лазов од екипата на Тиквеш, која заврши на 4 место, беше прогласен за најдобар стрелец на пионерскиот Ф4.
Moжеби ќе ве интересира: