Реклама

Г7: На Украина ќе и помагаме се додека и е потребно

g7

Во заедничката изјава од вториот ден на  тридневниот самит во Баварските Алпи, лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД соопштија дека ќе продолжат да ѝ помагаат на Украина сѐ додека е потребно.

„Ќе продолжиме да даваме финансиска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка и ќе бидеме со Украина онолку долго колку што е потребно“, се вели во соопштението на Г7 за поддршката за Украина.

Agria

Водачите, исто така, рекоа дека Украина ќе ја одреди својата иднина.

„Посветени сме да ѝ помогнеме на Украина да ги задржи својот суверенитет и територијален интегритет, да се брани и да ја избере сопствената иднина. Од Украина зависи одлуката за идно мировно решение, без надворешен притисок или влијание“, се вели во соопштението.

Лидерите рекоа дека ќе работат заедно за да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од новата руска агресија по оваа војна.

„Заради одржливо повоено мировно решение, ние сме подготвени да постигнеме договори со заинтересираните земји и институции и Украина за трајни безбедносни обврски за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани, да ја обезбеди својата слободна и демократска иднина и да ја одврати идната руска агресија“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира: