Реклама

Родителите што многу зборуваат имаат попаметни и попослушни деца

deca i roditeli

Откриена е врска помеѓу децата што редовно разговараат со возрасните и нивните невербални способности, како што се расудување, аритметика и свесност за формите.

За потребите на студијата, научниците поставиле уреди за снимање во облеката на одреден број деца (107) на возраст од две до четири години. Слушајќи ја секојдневната интеракција на овие деца со нивните родители, тие можеле да проценат каков разговор водат со возрасните вклучени во нивниот живот и објавиле во студија во Италија.

Agria

Од родителите, исто така, било побарано да изведуваат активности како што се цртање и боење со своите деца, со цел да се тестираат когнитивните вештини на децата.

„Користејќи звучни рекордери, успеавме ненаметливо да ја проучуваме интеракцијата помеѓу малите деца и нивните семејства во секојдневната средина, а не во лабораторијата. Откривме дека бројот на зборови што ги кажуваат возрасните и ги слушаат децата е позитивно поврзан со нивните когнитивни способности“, истакнал водачот на студијата, д-р Катрина Дапиче.

Таа ги охрабрува родителите нормално да разговараат со детето, како и со секој друг човек, бидејќи тоа ќе им користи.

Исто така, интересно е дека научниците забележале оти позитивното родителство, во кое родителите ги поттикнуваат децата да истражуваат и да се изразуваат, е поврзано со помалку знаци на агресивно и непослушно однесување.

Извор: deca.mk

Можеби ќе ве интересира: