Реклама

МВР истражува кој украде турбинско масло од кругот на ТЕЦ „Неготино”

TEC Negotino

Полицијата се уште бара кој украде турбинско масло во кругот на ТЕЦ ,,Неготино”, истрагата е во тек. Ова денеска го потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Zito baner

-Засега нема конкретни информации што би можеле да се споделат со јавноста, се работи на случајот, рече Самарџиев.

Agria

Во месец јули во полиција била пријавена кражба на турбинско масло, во кругот на ТЕЦ „Неготино”.

-На ден 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3500 литри турбинско масло, рекоа тогаш од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира: