Реклама

Ѓоковиќ го пропушта УС Опен

novak dzokovic

Новак Ѓоковиќ дефинитивно ќе го пропушти претстојното издание на УС Опен, откако американските власти не ги направија неопходните промени во здравствените протоколи за да им се дозволи на невакцинирани лица да допатуваат во САД.

Токму тоа беше последната шанса за Новак да добие зелено светло и да пристигне во Њујорк, но организаторите на УС Опен ги објавија официјалните протоколи за турнирот. Според нив, вакцинирани ќе мора да бидат не само сите тенисери, туку и сите фанови на трибините.

Agria

Во САД и во сојузната држава Њујорк се уште важи законот дека ниту едно странско лице кое не е вакцинирано не смее да влезе на американска територија. УС Опен ќе стартува на 29 август, а бранител на трофејот ќе биде Данил Медведев.

Следниот настап на Новак ќе биде учеството на Дејвис-куп натпреварувањето во Валенсија, од 15 до 17 септември.

Можеби ќе ве интересира: