Реклама

Слушајте ја својата мајка

majka i sin

Кога бев мал, мајка ми ми рече да не излегувам без капа во зима. Не ја послушав, па денес имам хронична инфекција на синусите.

Во основно училиште таа ме замоли да ја пишувам домашната задача навреме. А јас функционирав кампањски, без разлика колку би ме чинела таа навика.

Agria

Во средно училиште ми рече да не се враќам доцна од тренинг. Не ја слушав, па секогаш бев поспан на првите два часа од следниот ден.

На факултет ме молеше да не паднам година. А јас паднав две.

Малку подоцна ме научи дека најдобрата храна е онаа што се одгледува на нашата парцела. Не ѝ верував, па денес ја јадам третата класа шпанска боранија од супермаркет – и тоа за огромни пари.

Кога заминав на студии, таа сакаше да се вратам еден ден. Еве ме и денес, по 31 година, во туѓа земја.

Таа ме научи дека семејството е најважно и дека треба да се оженам и да имам деца. Се оженив, но со работата, па ме малтретираат како да ги имам најнеодговорните деца на светот.

Мајка ми немаше завршено факултет, но знаеше да направи десет денари од еден денар. Ги гледам овие мои газди во компанијата, па мислам дека ако оделе на училиште со мајка ми, сега ќе ни беше многу подобро.

Мајка ми, исто така, не одеше на кулинарски курсеви. Но, без разлика на тоа, таа е светски шампион за овие извикани готвачи кои успеваат да ме остават гладен секогаш кога ќе излезам од нивниот ресторан.

Сега мајка ми ја нема. Секогаш ја сакав и ја почитував од сѐ срце.

А зошто никогаш досега не сум ја слушал, не ми е јасно.

Иако таа го знаеше сето тоа – мојата прекрасна мајка.

Поздрав до сите, особено до мајките низ светот.

Автор: Горан Вук

Можеби ќе ве интересира: