сабота, 3 декември, 2022
Реклама

(ВИДЕО) Вака изгледа респираторот на Ферари

ferrari

Италијанската компанија „Ферари“ објави дека производството на автомобили нема да да продолжи најмалку до 3 мај. Во меѓувреме, во Ферари активно продолжуваат да соработуваат со голем број партнери во борба против пандемијата.

Додека некои од конкурентите својот потпис го ставаат на платнени маски, во „Ферари“ своето лого го ставаат на делови од респиратори. Станува збор за вентили изработени од термопластичен материјал со помош на 3Д печатење, а кои се произведуваат во одделот за прототипи на „Ферари“.

Agria

Ништо не е оставено на случајноста, па така вентилот е проектиран во „Марес“, специјалист за опрема за нуркање, фитинзите се изработуваат од „Солид Енерџи“, додека целиот проект на изработка го води „Нуовомакут Групо Тимсистем“. Интересно е што компанијата „Солид Енерџи“ прави модификации на маски од „Декатлон“ за да ги прилагоди за улогата на заштитна опрема за здравствените работници.

Извор: dodajgas.mk