Реклама

Трајковски: Ако се заразите со коронавирус, не го кријте тоа

Велешанецот Далибор Трајковски е еден од многуте заразени од коронавирусот. Тој не се плаши јавно да зборува за овој проблем, туку напротив, сака неговите сограѓани да знаат, дека вирусот не бира ниту пол, ниту вера, ниту политичка определност.

Во изјава за Батали.нет, Трајковски вели дека се чуствува добро, нема никакви симптоми, но и дека максимално ги почитува мерките на надележните.

Agria

“Добро се чуствувам, немам никакви симптоми. Сега сум дома, и ќе останам во изолација. Велигденските празници ќе ги поминам сам. Мерките на надлежните институции целосно ги почитувам, секогаш носам маска и ракавици, а со мене носам и средство за дезинфекција”, рече Трајковски.

Трајковски резултите од својот тест ги доби во текот на вчерашниот ден, откако му беше земен брис пред три дена. Тој упатува и апел до граѓаните.

“Сите оние кои што се позитивни на коронавирусот да споделат со нивните сограѓани, затоа што институциите не смеат да споделуваат информации за идентитетот на заразените. Ништо не е срамно, никој не сака да го фати овој вирус. Сакам да се разбуди свеста кај народот и да ги игнорираат осудите на другите. Апелирам да се почитуваат мерките на надлежните во целост. Доколку некој добие симптоми на коронавирусот, веднаш да се изолира, да не чека да му биде земен брис, па потоа да добие резултати”, рече Трајковски.

Редакцијата на Батали.нет на Далибор Трајковски му посакува што побрзо опоравување.