вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Велешанката Татјана Јанушева во кампања на Miss Sixty

Во најновата кампања на познатиот италијански бренд Miss Sixty едно од заштитните лица е нашиот интернационален модел Татјана Јанушева. Кампањата беше изработена на неколку познати локации во Париз и околинатаво само неколку дена. Како заштитно лице токму на овој бренд во претходните кампањи беше и супермоделот Бела Хадид.

Татјана во последнава година го направи својот интернационален пробив и потпиша договор со престижната модна агенција Next Mаnagement. Јанушева во изминатиот период кај нас беше ангажирана за сите поголеми брендови и дизајнери,меѓутоа последнава година работи исклучиво во Париз и Милано.

Agria

Нејзината рафинирана убавина,големата посветеност и подршката од најблиските ја пласираа во најголемите модни центри .Интернационално ја застапуваJS Mаnagement од Белград под директно водство на фантастичната  Јелена Ивановиќ во соработка со нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент. Татјана секако продолжува со работа, а според нејзиното искуство досега, ни покажа како се гради една успешна кариера во светскиот моделинг.

Можеби ќе ве интересира: