Вработени во маркетот во Велес, каде има заболени од Ковид 19, тврдат дека никој не бил пратен во изолација

veles

Никој од вработените во маркетот кои биле заразаени од коронавирусот, до петокот не бил пратен во изолација. Според извори на телевизија Телма, дел од вработените од маркетот сакаат да останат анонимни. Тие тврдат дека во петокот на 17ти април, кога им пристигнале последните резултати, дел од позитивните на коронавирусот биле на своите работни места, пренесува телевизија Телма.

Од ДСЗИ велат дека нема простор за паника.

Agria

“Веднаш по откривањето на првата заразена, сите контакти со неа се испратени во самоизолација. Се до потврдата дека дел од нив се позитивни се водеа како контакти, а по тоа како заболени. Во меѓувреме, првично беа како позитивни и четворица членови на фамилијата на првозаразената, а сега уште двајца членови на една вработена. Но сметаме дека кругот е затворен бидејки сите од првиот момент биле во замоизолација. Од вторник сите вработени ке бидат сменети со целосно нов персонал, а во објектот ке вршиме ке вршиме и механичко чистење”, вели за телевизија Tелма Ирина Сотирова Бухова од ДСЗИ

Целиот текст на телевизија Телма, може да го погледнте овде тука

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: