Реклама

Борец Јуниор есенски шамиони во пионерска конкуренција

Во сето сивило на велешкиот спорт и една убава вест. Пионерите на Борец Јуниор кои делуваат како школа на Борец 1919 се есенски шампиони во својата категорија. Есенската полусезона ја завршија со седум победи и еден нерешен резултат, и само еден примен гол.

Од клубот искрено се надеваат дека за брзо ќе бидат повикани во првата екипа на Борец или други клубови низ Македонија, затоа што има огромен потенцијал во нив.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Сепак една црна дамка го одбележа последниот натпревар против екипата на Детонит Плачковица кој заврши нерешено. По завршување на натпреварот во Радовиш дел од гледачите физички ги нападнаа младите фудбалери на Борец Јуниор. Од клубот потенцираат дека на таквите не им е местото во спортот, поготово кога на терен се млади петнаесетгодишници.

Можеби ќе ве интересира: