Реклама

Излекувани 21 пациент од Ковид 19, во Велес еден нов случај

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус.

Скопје-2
Куманово-9
Штип-2
Тетово-2
Велес-1
Гостивар-1
Пехчево-1

Agria

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225.

Регистриран е 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200 пациенти.

Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.