вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Еуросупер БС-95 и БС-98 се намалуваат за два денари, дизелот останува со непроменета цена

benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 % во однос на одлуката од 22.11.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00
ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС – 95  86,50 (денари/литар), Моторен бензин Еуросупер БС – 98   88,50 (денари/литар), Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)  90,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   85,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС   43,046 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира: