вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Oдложeн изборот за шеф на основното обвинителство

Osnoven sud Veles

Повторно се одложи изборот за шефови на вишите обвинителства во Скопје и Гостивар и на основните обвинителства во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово, пренесува Алсат.

Причината за одложувањето е што на седницата не присуствуваше републичкиот обвинител Љубомир Јовески кој бил болен и задржан на лекување. Со неговото отсуство го немаше потребниот број од осум членови кои се неопходни за да се врши избор.

Agria

За да не останат без шефови, на овие обвинителства привремено им се назначија в.д. шефови. Како вршители на должност се назначија актуелните шефови, освен во ВЈО Гостивар каде шеф беше Ислам Абази кој минатата недела седна во шефовското столче во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таму за в.д. шефица ја назначија Влојца Имази.

Можеби ќе ве интересира: