Реклама

(ВИДЕО) Гостивар рутински го совлада Борец

Велешката гордост Борец и по 14 кола нема овоено ниту еден бод во второлигашката конкуренција. На стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, аспирантот за влез во Првата фудбалска лига, екипата на Гостивар рутинирано го совлада Борец со резултат 0:2, полувреме 0:1.

Гостите поведоа во 11 минута со голот на Калановски по една грешка на домашните одбрамбени играчи. Само што започна вториот дел во 47 минута Керим го постави конечниот резултат од 0:2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Борец остана закован на дното на табелата без ниту еден освоен бод и негативна гол разлика од минус 42 гола, додека гостите од Гостивар ја преземаа лидерската позиција по ремито на Вардар во Битола. Велешани во последното коло од есенската полусезона гостуваат во Охрид кај уште еден аспирант за влез во Првата лига екипата на Воска.

Можеби ќе ве интересира: