Реклама

Од утре нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи, бензините да поскапат за 3.5 денари по литар, а цената на литар дизел за 1.5 денар.

Со одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,12 проценти.

Agria

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 52 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 54 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ, изнесува 46,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство, ќе се продава по 34 денари. Малопродажната цена на мазутот изнесува 19,123 денари по килограм.