сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Вработен на инфективното одделение во велешка болница заразен со коронавирус

Infektivno Veles

Тројца велешани позитивни на тестот за коронавирус се регистрирани во последните 24 часа, објави Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес.

„Се работи за едно лице вработено во инфективното одделение при општата болница во Велес и две лица кои самоиницијативно се тестирале во клиниката “Жан Митрев”, после појавата на симптоми на Ковид-19“, велат од ЦЈЗ Велес.

Agria

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Велес изнесува 62 лица од кои четворица се излечени, 55 пациенти активни случаи, а тројца починаа како последица на коронавирусот.