Реклама

Исчезна 29-годишна велешанка

Aleksandra Skornieva

Велешката полиција трага по 29-годишната Александра Скорниева од Велес, која утрово, околу 8:15 часот излегла од дома и од неа сеуште нема трага. Нејзината сестра Елена на фејсбук напиша:

„Мојата сестра Александра Скорниева го напушти домот во 8.15 часот и сеуште се нема вратено. Носи црна кожна јакна, темни фармерки и црни патики. Доколку некој ја има видено ве молам нека ме исконтактира на број 072/579-619“.

Agria

И од полицијата апелираат до граѓаните кои имаат информација, да пријават на телефонскиот број кој го остави семејството на исчезнатата девојка или да се јават во полиција.