вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

Стигнаа резултатите за Спасовски и Филипче

20200406151746

Премиерот Оливер Спасовски вечерва преку својот фејсбук профил ја информираше јавноста дека е негативен на коронавирусот, но согласно препораките на епидемиолозите, тој и понатаму ќе остане во изолација во домашни услови.

“Се придржувам до препораките и советите на лекарите, најдисциплинирано. Во деновите на самоизолација, од дома преку дигитални алатки ги извршувам сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба. Пикот на заразата е се уште тука, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите”, напиша премиерот Спасовски.

Agria

Вечерва и министерот за здравство Венко Филипче објави дека и тој е негативен на Ковид 19. Тој бил информиран вечерва, но и тој како премиерот, останува во излолација.

“Иако според проценката на епидемиолозите јас не бев во ризик, сепак одлучив да останам во самоизолација. Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена. Сите мои активности и управувањето со кризата со коронавирусот во земјата и во изминатата недела се одвиваат непречено”, напиша на својата фан страна на фејсбук министерот Венко Филипче.