Реклама

(ВИДЕО) Ангели ја прекинаа победничката серија на Борец Баскет

Кошаркарите на Ангели ја прекинаа победничката серија на Борец Баскет, совладувајќи ги со високи 26 коша разлика 91:65 на домашен терен.

Содржината продолжува под рекламата

Велешани беа рамноправен противник само во првите пет минути од мечот, но серијата од 10:0 при крајот на прватa четвртина донесе предност за домаќините која на полувреме изнесуваше со плус 18 или 47:29. Вториот дел скопскиот тим го одработи рутински и дојде до својата девета победа, додека Борец Баскет го забележа осмиот пораз.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во следното коло Борец Баскет на свој терен го пречекува составот на Охрид кој се наоѓа на петата позиција со осум победи и шест загубени натпревари. Целиот натпревар помеѓу Ангели и Борец Баскет може да го погледнете тука.

Можеби ќе ве интересира: