вторник, 29 септември, 2020
Реклама

(ВИДЕО) Велешките музичари му велат на светот „Ќе мине сè“

„Ќе мине сè“ е насловот на песната со која велешките музичари му испратија охрабрувачка порака на светот, дека има излез од оваа ситуација со коронавирусот, но и дека таа не научи дека треба малите работи, а не парите, врските, добрите коли, славата и моќта, го прават човекот среќен.

Песната е снимена на музика од познатиот хит We are the world, која во 1985 година го изведоа тогаш најпознатите музичари на планетата, соединети во проектот USA for Africa, кој имаше за цел да собере пари за гладните во Африка.

Текстот за „Ќе мине сè“ го напиша еден од најпознатите македонски текстописци Огнен Неделковски, аранжманот е на Стојанче Иванов и Оливер Тевчев, а ја изведуваат Дејан Попов, Стефани Алчева, Трајче Бондиќов, Катерина Брезева, Трајче Малинов, Мими Јовановска, The Chicks (Сандра Јорданова, Наталија Мејанџиева, Моника Ѓоргиева), Баже Натов, Стојанче Иванов, Симеон Иванов, Трајче Ристов, Оливер Тевчев, Борче Стојанов и Тихомир Тевчев.

„Ќе мине сè“ е снимена во Импакт продукција, а за миксањето и мастерингот се погрижи Темелко Андреев. Извршен продуцент е Владимир Тевчев, продуцент на проектот е www.batali.net, а промотор е велешкото Радио 5 ФМ.

Спотот е реализиран во домашни услови, а е снимен само со мобилни телефони, поради состојбата со епидемијата на коронавирус.

Реклами