вторник, 29 ноември, 2022
Реклама

117 години од Солунските атентати на Гемиџиите

Solunskite atentati

Денеска се навршуваат 117 години од саможртвата на Гемиџиите кои во периодот од 28 април до 1 мај 1903 година, со серија бомбашки напади во Солун, се обидоа да го свртат вниманието на Европа кон македонското прашање.

Општина Велес ќе го одбележи овој историски настан, но бидејќи актуелната ситуација со Ковид 19 не дозволува тоа да се случи со поголемо присуство на претставници на институциите, организациите и граѓаните, во името на сите граѓани на Велес, денеска во 11 часот, делегација на Општина Велес  предводена од градоначалникот Аце Коцевски и претставници на Советот на Општина Велес ќе положи цвеќе пред паметникот на Гемиџиите, на кејот на Вардар.

Agria

„Без оглед на околностите, Велес никогаш нема да ја заборави нашата интелектуална авангарда, хероите  кои се арчеа за Македонија во името на нашата денешна независност и слобода“, велат од општина Велес.

Со бомбашките акции, под слоганот „Се арчиме себе си за Македонија“, младите интелектуалци кои се нарекуваа Гемиџии имаа цел да го свртат вниманието на Европа за неподносливите услови во кои живее македонскиот народ под Отоманската империја.

Во акциите од 28 до 30 април во 1903 година во воздух биле кренати бродот „Гвадилкивир“, Отоманската банка, Електричната централа, а бил направен обид во воздух да се крене и Централната пошта во Солун и да се минира железничката пруга Солун – Деде Агач. Повеќето од гемиџиите биле интелектуалци на возраст од 18 до 22 години. Тоа се Јордан Поп Јорданов, раководител на Кружокот, Димитар Мечев, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов сите од Велес и Павел Шатев од Кратово и Марко Бошњаков од Охрид.Нивните имиња се запишани со златни букви во историјата за борбата на македонскиот народ за своја независна држава.

Solunskite atentatori