Реклама

На Германија и се заканува ново ширење на вирусот.

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина три милиони и во моментов изнесува 3 060 000.

Повеќе од 211 000 луѓе починале низ целиот свет, додека повеќе од 920 000 се оздравени.

Agria

Германија пред неколку дена започна да ги релаксира мерките, пред кои канцеларката Ангела Меркел предупреди дека граѓаните треба да ги почитуваат, во спротивно пандемијата ќе се врати, а со тоа и строги ограничувања.

Во изминатите 24 часа, во Германија се пријавени 1144 новозаразени, додека 163 починале од симптоми на ковид-19. Вкупно 5913 луѓе починале во Германија од почетокот на пандемијата.

Граѓаните пак на Нов Зеланд од утрово се во редица да купат хамбургери, помфрит и кафе надвор, откако се укина едномесечниот карантин, кој според премиерката Јакинда Ардерн, го спречи локалното пренесување на коронавирусот.

Околу 400 000 луѓе се вратија на работа откако Ардерн го олесни едно од најстрогите ограничувања, движењето надвор, поради што компаниите не работеа со недели.