сабота, 3 декември, 2022
Реклама

(ВИДЕО) Подарок таблет-компјутери за велешките ученици кои немаат како да следат онлајн настава

Ekolog 2

Педесет таблет-компјутери добија велешките ученици, кои потекнуваат од социјално ранливи семејства. Донацијата е на тетовската компанија „Еколог“, а ја прими општина Велес, која треба да ги распредели таблетите, на учениците на кои им требаат.

Таблетите се со вградени сим-картички, преку кои учениците ќе добијат и мобилен интернет.

Agria

„Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на  Ковид-19,  е да се осигуриме дека иднината на оваа земја, децата, ja продолжуваат наставата без пречки“, рече сопственикот на „Еколог“, филантропот Лазим Дестани.

Директорот на компанијата „Еколог“, Абрахам Сабах донацијата му ја врачи на градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

„Користам прилика во мое име, во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните на Велес, особено во име на родителите на учениците од социјално ранливите категории, да упатам искрена благодарност до компанијата „Еколог“ од Тетово, особено до семејството Дестани и да ја пофалам нивната општествена одговорност и нивната голема донација“, рече градоначалникот  Коцевски.

Во Велес има 403 ученици, од нив најмногу основци, но и средношколци кои не можат да ја следат онлајн наставата.

Коцевски очекува дека и велешките компании ќе бидат општествено одговорни и ќе го следат овој пример, со што ќе придонесат да се обезбедат што повеќе таблети, со кои учениците ќе ја следат наставата. Компанијата „Еколог“ досега обезбеди околу 4000 таблети за децата во цела Македонија.