Реклама

(ВИДЕО) Малите балерини од Анабела со прекрасна видео кореографија по повод Светскиот ден на танцот

Светскиот ден на танцот ја промовира танцовата уметност ширум светот, како начин за уметничко изразување, но и начин на комуникација кај многу култури. Танцот го практикуваат аматери и професионалци, уживајќи во ритамот на музиката. 

Светскиот ден на танцот се обележува од 1982 година, под покровителство на УНЕСКО. На овој датум е роден францускиот пејач, кореограф, зачетник на модерниот танц и еден од најдобрите танчери Жан Жорж Новер (29.04.1727 – 19.10.1810), кој воедно е и автор на делото „Писма за танцот и балетот“ кое го потврдува како еден од најголемите танцови реформатори.

Agria

Секоја година на овој ден ширум светот се упатува порака од познато лице од светот на танцот. Така е и кај нас. Денес пораката ја пренесе Александар Хаџиманов, балетски педагог и солист на балетот, МОБ Скопје. Тој вели дека во ова време нам ни преостанува да се препуштиме на доживувањето и да танцуваме, а Жан Жорж Новер вели: „Танцот го споредувам со најубавото во природатата“.
Во светската порака, пак, се вели: „Повеќе од кога било, треба да танцуваме со цел, да го потсетиме светот дека човештвото сè уште постои. Нашиот танц повеќе од кога и да е им даде силен сигнал на светските лидери и на оние на кои им е доверено чувањето и подобрувањето на условите за човечност. Додека танцуваме, со нашите тела, негодувајќи им на неправдите на овој свет, во вселената ние се поврзуваме заедно, стануваме движечка сила од проткаени срца; ние ги допираме душите и овозможуваме исцелување, а тоа е толку многу и очајно потребно.“

По повод Светскиот ден на танцот, балетското студио Анабела од Велес изработи прекрасно видео.

„Кореографијата ја направивме на онлајн часовите во изминатиот месец со дел од малите балерини. Потоа, со помош на родителите, кои ги снимаа децата, се монтираше видео со порака од децата дека и во овие услови, ние продолжуваме со танцот и вредно работиме. Часовите ќе продолжат онлајн се додека е оваа состојба со коронавирусот, но едвај чекаме да се вратиме во сала и на нашите подготовки за настапи, натпревари и одбележување на нашиот 25 годишен јубилеј“, вели Цеца Пајдакова, кореографот на Анабела.

Погледнете го прекрасното видео: