сабота, 3 декември, 2022
Реклама

Повеќе опоравени од заразени велешани регистрирани денеска

Infektivno Veles

Еден велешанец заразен со коронавирус е дел од 22 нови случаи на граѓани кои се позитивни на тестот за Ковид-19 во земјава во последното деноноќие.

Тие се откриени откако во последните 24 часа се направени 462 тестирања, што изнесува 5,2 проценти на позитивни во однос на тестирани.

Agria

Освен во Велес, коронавирус е откриен кај деветмина скопјани, во Тетово се откриени нови шест случаи, во Прилеп четири, а по еден има во Куманово и Охрид.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје на 79 годишна возраст, хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 16 оздравени пациенти и тоа во Велес, Прилеп и Струга по двајца, во Скопје осуммина и по еден во Гостивар и Кратово.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку Институтот за јавно здравје тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.